Податоци за историјатот, местоположбата на училиштето и план на просториите
ООУ"Никола Карев" - Пробиштип, е сместено во населбата Калниште, ул.,,Вељко Влаховиќ"бб. ООУ "Никола Карев". како самостоен правен субјект се појавува од учебната 1995/96 година.
Реонот на училиштето е утврден со одлука на Министерството за образование и ги опфака: училишните обврзници од населба "Карпош", населбата Калниште и сите селски населби од југозападниот дел на општината.
Во состав на училиштетето работи и едно подрачно училиште во с. Стрмош со две комбинирани паралелки. Исто така работи и нижо музичко училиште кое е во состав на ООУ,, Браќа Миладиновци,, - Пробиштип.
Наставата се изведува во една смена. Од постигнатите резултати во минатите учебни години може да се констатира дека успехот е во постојана прогресија и постојано мислиме и во пракса спроведуваме воведување на нови современи средства, форми и методи на работа со цел да постигнеме подобри резултати во подобрување на воспитно-образовниот процес.
Нашето училиште согласно програмата за Интеграција на еколошкото образование во Македонскиот образовен систем, раководена од МОН и здружението ОХО од октомври 2009 е добитник на највисокото признание Зелено знаме.
Училиштето почнува со работа во учебната 1986/1987 година. Изградено е од тврд материјал со посебни влезови за одделенска и предметна настава, со главен влез и влез во спортска сала. Училиштето има аула, кабинети и училници, компјутерска работилница и опрема за современа настава. Училиштето има ученичка кујна и трпезарија, наставничка канцеларија, просторија за администарција, фискултурна сала, простории за технички персонал, ходници, скривници, санитарни јазли, библиотека и други простории.
Училиштето изобилува со дворни и тревни хортикултурно уредени зелени површини , спортски терени и игралишта. Затоплувањето на зградата се врши со парно греење. ООУ "Никола Карев " - Пробиштип располага со дворна површина од 13.800 м2 и спортски терен од 1.880 м2. Покрај училишниот двор училиштето има и затворен ученички базен.
Подрачното училиште е сместено во с. Стрмош до каде води асфалтен пат . Зградата е направена од тврд материјал во 1998 год. Училиштето е оградено со дворна површина од 100 м2 и две училници, ходник ,трпезарија за ученици , помошни простории за наставници , санитарни јазли и др. Во училиштето наставата се изведува во една комбинирана паралелка од II - V одделение.
Затоплувањето на училниците се врши на класичен начин со дрва. Одржувањето на зградата и инвентарот е во солидна состојба.
Мисија:
Го поттикнуваме учењето, личниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците преку создавање на средина во која ќе се прифаќаат сличностите и ќе се почитуваат разликите.
Визија:
Задоволство и радост во учењето и работата се цел кон која тежнееме. Градиме атмосфера на доверба почитување и толеранција“
Мото:
„Покажете им на луѓето дека верувате во нив тие ќе се обидат да ја оправдаат вашата доверба“
Наставен кадар:
Атинка Барљамова - Стојчевска директор |
Голубина Алексова психолог |
Елизабета Алексовска професор по англиски |
Лена Лазаревска | Маја Стојковска | Марјан Досев | Станојка Гицева | Убавка Досевска |